Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Силјановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ. Гласањето е в среда на 8 мај, паралелно со парламентарните избори.
За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.
Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, да излезат на гласање, да гласаат за стабилна, силна и унитарна Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека гласањето на 8 мај е историско, народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата.
Ние сме на прагот на историски момент – момент кога имаме моќ да ја обликуваме иднината на нашата заедница!
На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.
На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.
Факт е дека и Македонецот и Албанецот и Турците и Власите и сите останати граѓани во Македонија имаме иста мака. Кога велиме дека е тежок животот по однос на егзистенцијалните прашања и по однос на оној лош животен стандард којшто го имаме исто го чувствуваме тоа.
Според него, ЗНАМ бил направен единствено за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ги повика граѓаните на Ресен да излезат масовно на гласање на 8 мај.