ЗНМ исто така побара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес.
Жалам што раководството на ДУИ се уште живее во некои времиња кои се веќе минато. Македонија е на сите граѓани, ниту е федерација, ниту е би, три или четиринационална држава, според Уставот е на сите граѓани, а според демократијата, оној што има 61 пратеник ја формира владата.
Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.
Затоа, мора сите да излеземе во што поголем број и да дадеме силна поддршка. Развојот зависи од нас. Затоа ве повикувам повторно, почитувани крушевчани, излезете масовно на 8 мај и подржете ја.
Претставници од правниот тим на коалицијата „Вреди“ во Тетово одржаа прес-конференција и информираат дека ќе поведат постапка пред Управен суд за нерегуларности во изборната единица 2 кои се случиле на 24 април.
Во врска со најавениот завршен митинг на Коалицијата „Вреди“ во Тетово, Меџити рече дека веќе имаат добиено дозвола од Општина Тетово и ќе се одржи.
Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава.
„Ако во вас и во вашето семејство не ви веруваат не гледам како граѓаните би верувале“, кажа Мицкоски.
Денеска со Стопанската комора Северо - Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.
Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите.