Оваа постапка на опозицијата, која дури денеска излезе во јавноста, не само што е очигледно кршење на принципите на взаемно разбирање и координација кои треба да преовладуваат во политичките активности, туку и непотребна провокација која може да ја загрози јавната безбедност и мирот.
Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.
„Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика“, рече тој.
Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити во изјава за медиумите денеска истакна дека нивната коалиција „Вреди“ не сака по секоја цена да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.
Објавувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за коалицијата Вреди како посакуван партнер во идната влада пред да се изјасни народот на 8 мај за тоа, според шефот на дипломатијата и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи е обид за омаловажување на достоинството на Албанците
До утре на полноќ е пријавувањето на болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат во домашни услови. Претседaтелот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев денеска изјави дека досега дополнително се имаат пријавено 17 лица.
Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.
Според Носителот на ИЕ2, Амар Мециновиќ, Левица ја поддржа независната кандидатка со тоа што за првпат како партија влегоа во ринг за Претседателските избори, но поентата на Левица се Парламентарните избори.
И големите и малите партии, вклучително и ромските партии со нив, се плашат од Аваја, затоа што Аваја доаѓа да стави крај на лошата политика во Македонија, порача Акиф Кариман, претседател на Аваја, на средба со жителите на Кавадарци.