Ковачки додаде дека народот во текот на вчерашниот ден го испорача резултатот што мисли за СДС.
Јанушев посочи дека очекува уште поголема излезност во вториот круг на претседателските и парламентарните избори, потенцирајќи дека граѓаните се пред голема историска одлука во каква Македонија ќе живеат.
Тој ги повика граѓаните заедно да ја пренесат пораката за напредна држава во која сите се почитуваат и во која ќе има подобар животен стандард.
Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ".
Ги повикувам сите и стари и млади, албанци, турци, срби, бошњаци, роми, власи, сите граѓани во Македонија да се приклучат.
Потенцираше дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што, како што вели, само така ќе успеаме да изградаме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.
Мицкоски порача дека народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.
Тој во текот на своето обраќање побара за 12 дена по изборите да се донесе влада како во 90-тите години кога граѓаните излегоа на референдум за самостојна Македонија.
Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.