Под наслов „Македонија се подготвува за тешки врски со ЕУ откако националистите победија на претседателските и парламентарните избори“ порталот Еурактив објавува анализа за вчерашните избори на која се потпишани и АФП и Ројтерс.
Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 96.546 гласа би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 33.605 гласа - 4 мандати, а Левица (13.404) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (9.426) по еден пратеник.
По преброени 99,82 отсто од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%). Силјановска Давкова е првата жена претседател во земјава.
На 98,5% преброени гласови од страна на државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на парламентарните избори. Во апсолутен број идната владечка партија освои 425.425 гласови наспроти 150.436 глас за СДСМ.
Актуелниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, својот мандат го заврши со катастрофален пораз од страна на неговиот противкандидат и иден претседател Гордана Силјановска Давкова.
Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ првично ја прославуваа победата пред седиштето на партијата, палатата „Христо Татарчев“, по што продолжија со славење на плоштадот „Македонија” каде се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
ПОЧИТУВАН НАРОДЕ НА МАКЕДОНИЈА, кој секогаш ќе ја имате мојата најдлабока почит, и пред чија храброст длабоко се поклонувам.
Според проекциите на ДИК, од досега преброените гласови Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот 120 член собраниски состав би имала 59 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18
На овие избирачки места (84,26 отсто) од 1.509.715 запишани во Избирачкиот список гласале 704.885 гласачи или 46,69 отсто. Важечки се 663.457 гласови, неважечки се 40.193.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.