Расположението кај македонските гласачи е поинакво. Секој има праг на воздржливост и нашите граѓани, дел од нив во оваа власт не можат да препознаат социјалдемократија.
Ахмети одамна го има поминато рубиконот и тие неколкумина околу него кои го советуваат и мислам дека прави голема грешка.
„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте“, рече Мицкоски.
Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.
Мицкоски посочи дека државата е киднапирана од ДУИ, а според него главен соучесник е СДСМ.
Билјана Ванковска искажа задоволство од текот на кампањата, која според неа поминала во, како што рече пријатна атмосфера. Таа искажа негативна оценка за текот на телевизиската дебата на сите кандидати за претседател.
За извиците УЧК на вчерашниот митинг во Скопје, тој кажа дека „тие биле природни, бидејќи без ОНА немало да биде денешната Македонија“.
Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје го одржа последниот митинг пред гласањето во среда.
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од митингот во Велес порача дека во изминатиот мандат нивна главна цел била да го заштитат и подобрат стандардот на граѓаните и да ја подржат домашната економија.
Сајкоски истакна дека во изминатите години Македонија е правно суспендирана држава.