Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција соопшти дека од половина од обработените гласови, коалицијата „Европски фронт“ води со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.
Oд обработени 36,6 отсто од гласачките места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 190.926 гласа а Стево Пендаровски од СДСМ има 92.597 гласа.
Лидерот на Демократското движење Изет Меџити кој е дел од здружената албанска опозиција „Вреди“ вечерва на прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје изјави дека од денес „Вреди“ е новиот сериозен политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.
Лавица има 16.485, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 12.041. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.
Според првичните информации од ДИК, на 28% обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 70.929 гласови додека СДСМ 24.028. 46.2020 гласови има освоено ДУИ, додека Влен е позади нив со 38.840 гласови.
Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.
За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.
Според него, и денеска се потврдиле оценките на меѓународните и на домашните организации за беспрекорно организирани избори во услови кога се спроведуваат два вида избори.
Според информациите кои доаѓаат од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, за Гордана Силјановска Давкова гласале 86.688 гласачи, додека за Пендаровски гласале 34.450 граѓани.
На новинарско прашање дали гласал лично на претседателските избори, Адеми рече дека не го направил тоа, но посочи кој од ДУИ го искористил тоа право.