Меѓународниот туристички портал Дискаверер (The Discoverer) направи листа на пет популарни дестинации кои би требало да се избегнуваат поради метежот и негативниот став кон туристите и препорачува алтернативни дестинации.
Италијанскиот остров Понца на којшто во 1943 година Мусолини бил чуван во заточеништво, сега секоја година е цел на инвазија од туристи.
Доколку барате далечно, егзотично и изолирано место за својот одмор, скриените плажи на Бермудите се вистинскиот избор.
Американската федерална управа за воздухопловство одби да реагира во врска со тужбата на организацијата за заштитата на потрошувачите „Flyers Rights" и да се спречи постојаното намалување на димензиите на седиштата во авионите.
Испечатени фотографии на лица од документарен филм....Толку понеле со себе ентузијасти од Австрија, Германија, Франција па и Финска, кога одлучиле да дојдат во Македонија по „буковска пипер“.
На Мелроуз авенијата во западен Холивуд се наоѓа графит пред којшто стои обезбедување и само луѓе кои ќе докажат дека имаат најмалку 20 илјади следачи на Инстаграм, ќе можат да се сликаат пред негo. Покрај обезбедувањето, местото е и оградено, за да не може секој да го види.
Фолегандрос е мал остров во грчкиот архипелаг Киклади, со само 32 километри квадратни површина и само 650 жители. Меѓу туристите е познато како едно од најубавите неоткриени грчки островчиња, а може да се комбинира со обиколка на Миконос, Санторини, Крит и Родос.
Скапоцена колекција на стари икони се наоѓа во Галеријата на икони во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. Еден од најстарите експонати во Галеријата е карпинскиот иконостас, со празничните икони, крстот со сликано Распетие и царските двери, кои потекнуваат од 1606-тата година, потоа двете нафори, певницата и владичкиот престол.
Првиот хотел своите врати ќе ги отвори за гостите на 1 септември годинава во францускиот главен град Париз. Хотелот „Фушон Л’Отел Пари“ е со пет ѕвездички и има 54 соби.
Многу патишта водат до прилепско Мариово. Оној најпознатиот, асфалтниот од Прилеп, преку Штавица кој едно време го имаше патоказот „Мал Холивуд“ поради филмовите на Милчо Манчески, а потоа и преку превојот Слива упатува на мариовските пространства.