Научници од Сибир, со поддршка на Рускиот фонд за базични истражувања работат на развој на нов лек за имунотерапија на онколошки болести.
Од 5 октомври, лекарите во Шетланд, Шкотска, имаат овластување да препишуваат природа на нивните пациенти. Се смета дека ова е прва програма од ваков вид во Обединетото Кралство, и е со цел да го намали крвниот притисок, анксиозноста и да ја зголеми среќата кај луѓето со дијабетес, ментална болест, стрес, срцеви заболувања и многу повеќе.
Според Универзитетот на Мериленд, мажите под 50-годишна возраст - колку повеќе пушат, толку повеќе се зголемува опасноста од мозочен удар кај нив.
Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци.
Пиењето чај е поврзано со намалување на ризикот од влошување на умствените способности кај повозрасните луѓе, па и кај оние кои имаат генетски предиспозиции за Алцхајмерова болест, се наведува во ново истражување објавено на „Сај-Блог“.
Покрај тоа што алкохолот и штети на тежината и здравјето, тој не е без последици и за изгледот. Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни, меѓу нив најлошо делува на кожата.
Ново истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.
Кога говориме или пишуваме за тоа што чувствуваме, тоа му помага на нашиот мозок да работи поефективно. 3а луѓето што страдаат од преголем стрес или анксиозност, овој метод може да им помогне да ги подобрат своите умствени способности, се вели во истражување објавено на порталот „Сајкофизиолоџи“.
Група научници тврдат дека пробиотиците, храната што содржи добри бактерии, се речиси бескорисни, објави Би-Би-Си.
Повеќе од 1,4 милијарди возрасни луѓе во светот имаат поголем ризик од заболувања поради недоволна физичка активност, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).