Познатите личности, како и оние од нашата непосредна околина, понекогаш имаат навика да им даваат необични имиња на своите деца. На пр., глумицата Скарлет Јохансон на својот штотуку роден син му го даде името Космо…
Летото полека завршува, па познавачите и стручните портали предлагаат начини како мирисот на лето да трае подолго… Следат пет летни парфеми кои беа хит изминативе месеци.
Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар. Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот.
Бенсон е поранешен бездомник, спасен од улица, кој сега на Инстаграм-профилот, со своите неодоливи комбинации облека, има над 216.000 следачи.
Расправијата за две пици станала насилна во германскиот град Менхенгладбах, до тој степен што таксист соборил девојка кога таа не сакала да ја остави на патот.
„Американ ерлајнс“ и „Саутвест ерлајнс“ престанаа да служат алкохол на почетокот на пандемијата на коронавирус и соопштија дека нема да продолжат со продажба на алкохол до септември, кога требаше да се укине задолжителното носење маски, но тој датум сега е продолжен до 18 јануари, јави Еј-Би-Си Њуз.
Во црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, и оваа година се организиран натпревар во лежење. Според организаторите, овој јубилеен, десетти по ред, натпревар ќе се одржи денеска.
Отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна.
Зара Радерфорд вчера тргна во мисијата да стане најмладата жена која сама со лет ќе го обиколи светот. Белгија и Велика Британија се првите во одисејата од 51.000 километри, 52 земји и пет континенти.
Новите технологии наскоро ќе ги заменат специјалистите кои вршат „монотона работа“ со документи, на пример – сметководителите, смета директорот за дигитални производи на групацијата „Веон“, Џорџ Хелд.