Пред извесно време ХТЦ објави дека работи на нов паметен телефон со Андроид, под назив „Exodus“, што ќе функционира на основа на актуелната блокчеин технологија и по се изгледа нема да има потреба да чекаме долго за неговото појавување на пазарот.
Фејсбук продолжува активно да се бори против ширењето на навредливи содржини и лажни вести. Компанијата има многу алгоритми кои откриваат и блокираат слични сметки и тестираат нова програма која треба да стане дел од Месинџер.
Самсунг Биксби е името на корисна услуга со вештачки интелект која беше претставена со Галакси Ес8 пред две години. Досега, виртуелниот асистент беше достапен само за паметните телефони на компанијата, но наскоро ќе стане дел од нивните паметни часовници.
Технолошката индустрија одамна го предвидува крајот на фиксните телефони и нивното сместување во музеите. Сепак, голем дел од домаќинствата се уште не се подготвени да се откажат од овој начин на комуникација, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Кинеската компанија „Ксиаоми“ (Xiaomi), која е еден од петте топ играчи на пазарот за паметни телефони, планира да создада нов глобален бренд.
Индискиот премиер Нарендра Моди и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин денеска свечено ја пуштија во употреба најголемата фабрика за производство на мобилни телефони во светот, во сопственост на „Самсунг“.
Сопствениците на уреди како што се Ајфон или Ајпад имаат висок социоекономски статус во САД, се наведува во студијата на Универзитетот од Чикаго и Националното биро за економски истражувања.
„Гугл“ официјално ја купи апликацијата „Вејз“ пред пет години, но многу од неговите најдобри карактеристики не се интегрирани во нивните мапи.
Федералната комисија за комуникации на САД (ФЦЦ) наскоро ќе излезе со предлог до Владата, што практично ќе му забрани на „Хуавеи“ да прави бизнис во земјата, соопшти специјализираниот сајт „гизчајна“.
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, веќе е на третото место на најбогати луѓе во светот, според новата листа на „Идексот на милијардери“ на агенцијата „Блумберг“.