„Епл“ испрати контроверзна година, во која мораа да се справат со многу проблеми. Последниот квартал беше поврзан со судски конфликти со „Куалком“ кои ќе продолжат со полна сила и во 2019 година.
На Саемот во Детроит Тојота официјално го претстави својот нов спортски модел Тојота Супра, кој стилски наликува на дизајнот на неговиот претходник ФТ-1 од пред пет години, но неговата внатрешност е делумно обликувана според сестринскиот БМВ.
Дали некогаш сте се запрашале која е функцијата на поплочувањето со испакнини на пешачките премини, скалите и влезовите? Тоа е во суштина начин со кој лицата со оштетен вид се предупредуваат на можна опасност,
Само еден месец по стартувањето на ЕУ Блокчеин хабот Македонија,македонскиот огранок учествуваше на Глобалниот самит на блокчеин технологија, насловен „Ослободете го потенцијалот: Блокчеин за Целите за одржлив развој“, што на 12 јануари се случуваше во Куала Лумпур, Малезија.
Сликата што моментно го има најголемиот број допаѓања на Инстаграм прикажува само – јајце.
Полска би можела да ја разгледа можноста за забрана за употреба на производите на кинеската компанија „Хуавеј“ во државните институции, изјави денеска претставникот на полските власти задолжен за безбедноста на Интеренет, Карол Оконски.
Секој четврти „дигитален“ работник ќе ги користи т.н. „виртуелни асистенти“. Ова ќе се случи во 2021 година, според аналитичарската компанија „Гартнер“.
Стагнацијата во глобалниот пазар на компјутери продолжи со полна сила и во последниот квартал на изминатата година. Сепак, во последните два квартали се забележуваат позитивни трендови, велат од „Гартнер“ и „АјДиСи“. Последните извештаи на аналитичарите се категорични дека „ХП“ и „Леново“ продолжуваат со доминацијата на пазарот на компјутери во 2018 година. Третиот најголем производител во светот продолжува да биде „Дел“, објави „ВентурБит“.
„Самсунг“ планираат да го претстават долгоочекуваната „Галакси Ес10“ серија смартфони денови пред стартот на Светскиот мобилен конгрес 2019 (25-28 февруари).
„Епл“ побара од своите партнери на крајот од минатата година да го намалат производството на паметни телефони за 10 отсто од планираниот обем во првиот квартал од 2019 година, сопшти „Никеи“, повикувајќи се на информирани извори.