Израелски иноватори создадоа „паметен уред“ што може на лицата со оштетен вид да им овозможи поисполнет и поквалитетен живот. Направата се вика Ор-кам (OrCam), има големина на шише и се прикачува на рамката од очилата.
Двете најголеми интернет маркетинг компании влегоа во битка откако иБеј официјално покрена тужба против Амазон, во која обвиненува за нефер бизнис практики.
Тајванските добавувачи на компоненти за трите нови модели на АјФон се внимателни во предвидувањата за нивните побарувања.
Корисници од целиот свет пријавуваат проблем со услугите на YouTube пребарувачот, и неможност да се пристапи на страната.
„Порше“ се подготвува да започне производство на својот прв целосно електричен модел „Тајкан“, со што германскиот производител на спортски автомобили дефинитивно преминува во електричната ера.
Huawei Consumer Business Group денес ја претстави HUAWEI Mate 20 серијата, една од најочекуваните серии на паметни телефони годинава. Претставувајќи важна пресвртница во историјата на серијата HUAWEI Mate, HUAWEI Mate 20 серијата го отелотворува врвот на иновацијата. Дизајниран со најмоќната и софистицирана технологија во индустријата, најновите водечки уреди на Huawei поставуваат ниво со кое ќе се мерат сите паметни телефони во 2018 година.
Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш го лекувал, му се вратил.
Податоци на речиси 30 милиони корисници биле украдени во најголемиот хакерски напад на Фејсбук во историјата на оваа социјална мрежа, кој се случи пред две недели, потврди компанијата на Марк Закерберг.
Благодарение на оваа соработка, значително повеќе корисници отколку досега, ќе можат да ја користат Гугл Пеј за бесконтактна исплата со нивниот паметен телефон. Во принцип, услугата може да се користи таму каде што може да се врши безконтактни плаќања со кредитна картичка, на пример во супермаркети, бензински пумпи, трговски објекти, кафулиња и ресторани.
Мајкрософт веќе почна да го дистрибуира Виндоус 10 (Windows 10 October 2018) ажурирањето за компатибилни уреди. Ажурирањето е една од најдискутираните теми во индустријата во последниве денови.