Според него, се работи за суверенитетско прашање и посочи оти имаме голема шанса која не треба да се пропушти.
Како партија се залагаме за темелни реформи на изборните правила или создавање услови за рамноправен политички натпревар.
Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.
Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.
Новите членови на ССРСМ, се вели во соопштеието, кои ќе бидат избрани од редот на судиите потребно е да бидат судии со интегритет и да поседуваат високи морални и етички квалитети.
- Да го направев ова гарантирам дека ќе ме критикувавте „Зошто невролог е директор на Клиниката за неврохирургија?“. Зошто не ме прашувате „Зошто тораковаскуларен хирург е директор на Клиниката за кардиохирургија?“, посочи Таравари.
Според шефот на државата, при тоа е јасно дека сепак останува извесен јаз меѓу законите и практичната примена на законодавството и политиките за националните малцинства.
Независниот синдикат на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина најави дводневен протест в петок и сабота, по повод незадоволството од платите и вработувањата.
Од таа причина, решиле да го споделат нивното мислење и загриженост во врска со овој случај.
Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди за МИА в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот.