Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат.
Советот за оценка на обвинителен акт делумно го прифатил обвинението за случајот „Тортура“, односно само во делот каде обвинети се шестмината полицајци, но, не и делот кој се однесува на поранешниот шеф на тајната полиција, потврдија за „Мета“ од СЈО.
Пред почетокот на денешната собраниска седница, на која треба да се разгледува Дополнетниот предлог на буџет за 2018 година, беа констатирани оставките на праетниците Стево Пендаровски и Васко Ковачески и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски.
Судењето за случајот „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО денеска се одложи за 17 јануари следната година бидејќи не беше присутен Миле Петровски, еден од адвокатите на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкулоска.
Покрај нив, во овој предмет обвинети се и поранешните началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција.
– Ќе продолжиме со напорите во ОН и на сите меѓународни форуми за ставање крај на оваа окупација и создавање на наша палестинска држава со престолнина Источен Ерусалим – изјави портпаролот Набил Абу Рудејна, пренесуваат светските агенции.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска најави дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе биде проширена.
Тој додаде дека СЕП, неговиот Кабинет, но и целата структура на администрацијата е потребно да се подготви за предизвиците што ги носи 2018 година, како година во која ќе се носат клучните одлуки од телата на Европската Унија во однос на европските интеграции на Република Македонија.
Со вкрстено испрашување на вештакот Игор Костов, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица.
Судењето за предметот на СЈО „Топлик“, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, е одложено за 30-ти јануари следната година.