Причините за несреќата се утврдуваат. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа и започна прибирање на трагите пронајдени на лице место.
Грчкото Министерство за надворешни работи се двоуми дали шефот на дипломатијата Никос Коѕиас треба да ја посети Македонија, по последните „провокации“ на македонски функционери со мапа на „Голема Македонија“.
Групација на провајдери на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на свеченото отворање на Школата за млади лидери, што на негова иницијатива по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август.
Министерството за надворешни работи денеска добило нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, во кое било известено дека персоналот на амбасадата е повикан на консултации во Белград, соопштуваат од МНР.
Според Виенската конвенција, Македонија презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје.
Врвот е еден од технички најтешките за искачување и за пристигање до неговата цел потребна е голема психолошка и физичка подготвеност како и Алпинистички вештини.
Арифи посочи дека состојбата со пожарот што избувна вчера на претоварната станица е ставена под контрола и ги повтори сите досегашни заложби и преземени мерки на локалната самоуправа.
Македонија не е атрактивна земја за бегалците, ниту ќе се градат станови за бегалци и мигранти, ниту има предвидено буџет за тоа, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Апсорпцијата на ИПА фондовите во Македонија може значително да се подобри, истакнале на денешната средба вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и раководителот за соработка во Делегацијата на Европската унија во Македонија, Никола Бертолини.