Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја повикува Владата да го објави и образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред негово потпишување.
Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители побара со ребалансот што го предложи Владата да не се кратат првично предвидените пари за Јавното обвинителство на Република Македонија и за примената на Законот за кривична постапка.
Забрзано се работи на усвојување на законот за употреба на албанскиот јазик. Ние тој процес не сакаме да го успоруваме, напротив, треба да се забрза, бидејќи тој закон не е добар само за албанската заедница, туку за целата држава.
Покрај зголемувањето на бројот на прво дете добиено со ин витро, изминатите три години во постојан пораст е и одлуката на сопружниците да добијат и второ дете со биомедицинско потпомогнато оплодување.
Во Врховниот суд утрена затворена седница ќе се одлучува за жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, на кои Апелацискиот суд Скопје им одреди мерка притвор.
На денешната седница на Владата ќе започне назначувањето на членови на надзорните и управните одбори.
Владата на Република Македонија денеска во 17 часот ќе одржи седница на која ќе разгледа информации поврзани со санирањето на последиците од поројните дождови и со причинетите штети на земјоделските култури во ресенскиот и тетовскиот регион.
Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.
Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“.
На годинашниот прв ИПАРД повик кој траеше до 21 јули, во општините Крива Паланка, Куманово, Свети Николе, Ранковце, Младо Нагоричане и Кратово се поднесени 101 апликација.