Осврнувајќи се на Македонија, тој го повтори ставот на официјална Атина дека „Грција сака стабилност и одржување на кохезијата на земјата и беше единствена која не се вмеша во внатрешните работи за време на неодамнешната криза“.
Патријархот Иринеј и Синодот на Српската православна црква нема да дозволат официјална делегација на Македонија предводена од премиерот Зоран Заев да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод одбележувањето на Илинден.
Секретаријатот за европски прашања и Министерството за правда денеска ќе одржат заедничка работна средба посветена на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството.
Жителите на Дојран денеска на референдумот гласаа против отворање на рудникот „Казандол“ и против отворањето нови рудници.
Апелацискиот суд ги одби како несоновани поднесените жалби за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности, објавија вчер дел од медиумите, повикувајќи се на извори во Судот.
Досегашниот директор на Националната установа „Охридско лето“, Оливер Арсовски, од вчера со решение на Министерството за култура е разрешен од функцијата.
Следната година може да биде клучна за решавање на долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје за официјалното име на Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 31 јули завршува ловостојот за одреден вид на заштитен дивеч.
Оваа авионска бомба на 6 април 1941 април била фрлена од германски авион за да го уништи аеродромот „Сушево“ и железничката пруга.
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека директорката на Домот за деца без родители „11 Октомври“ не е разрешена и оти и е истечен продолжениот мандат како в.д. директорка.