Со испитувањата на земените мостри утврдено е присуство на бактеријата стафилокока ауреус, во макароните кои биле послужени за вечера, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од Дирекцијата посочија дека општината Гази Баба побарала помош од нив за справување со пожар во реонот на с. Булачани.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се воведе нова авионска линија од Будимпешта до Скопје.
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска во Охрид ја отвори НАТО напредната школа посветена на борбата против ИСИС преку сајбер-просторот.
Над 80.000 книги на повеќе од 80 издавачи ќе бидат на продажба на 29. Меѓународен саем на книгата кој ќе се оддржува во Скопје до 10 април.
Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на скоро 6.000 метри квадратни, од кои 3.067 метри квадратни самата сала и 2.000 метри квадратни со партерното уредување.
Академикот и писател Луан Старова е одликуван од претседателот на Република Франција со орденот Легија на честа. Тој е носител и на високото француско одликување Командант на уметностите и книжевностите oд 2000 година.
Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на свесноста за аутизам.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе ја посети Република Македонија а негов домаќин ќе биде Претседателот Ѓорѓе Иванов.
Припадниците на Баталјонот за почести и опслужување направија церемонијална промена на државното знаме пред Собранието на Република Македонија.