Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември од утре ќе почне низа активности, чија цел е едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ
Фондот за осигурување депозити од утре треба да почне со исплата на обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на Еуростандард банка до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари
Нови законски решенија во градежниот сектор, промени во постапката за избор на надзорот на градбите за да се спречи спрегата со градежните фирми, градење по план, инвестиции во комунална инфраструктура
Годинава реколтата тутун ќе биде помала за 3.500 тони и ќе тежи околу 23.000 тони, но може и помалку, а квалитетот е приближно на ланското ниво, проценува Методија Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија
Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем“
Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банкат
Најголемиот производител на леб и брашно во државата Жито Лукс во процес е на имплементација на голема инвестиција односно модернизирање на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб
Затворањето на економијата и ограниченото движење поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ја предизвика најдлабоката рецесија на економија за што е показател падот од 12,7 отсто на бруто домашниот производ
Со антикризните мерки од четвртиот економски пакет најавен за следната недела, според досегашните информации, ќе бидат опфатени повеќе категории граѓани, ќе се помогне на најсиромашните со платежни картички, на компаниите за исплата на плати, но и ќе се поттикнува враќање на работа на отпуштените поради ковид пандемијата
Најголем број од издадените одобренија за градење се во Југоисточниот и во Полошкиот регион, 61, односно 60, по што следи Скопскиот со 45, а со најмал број се Југозападниот и Источниот.