Пред обилколката на штандовите на Саемот, што се одржува во Скопје Сити Мол, тие ќе имаат свои обраќања.
Ова беше посочено на почетокот на Работилницата посветена на финансиските технологии, што денеска ја организира Народната банка, со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).
Македонија е земја на сонцето и имаме намера во иднина да го искористиме овој непресушен извор на енергија и да биде еден од најсериозните двигатели за раст и развој на државата, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Стапката на невработеност во третиот квартал годинава се спушти на 17,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
На листата на компании кои во 2018 година оствариле најмногу приходи во Општина Гевгелија, на првите три места се наоѓаат казината „Принцес“ и „Фламинго“ и фирмата за пластични профили и цевки „Конти Хидропласт“, кои заедно имале приход од 85 милиони евра.
Истакна дека нема големо покачување, но има демотивација за купување на стари возила, кои функционираат согласно лошите еколошки стандарди.
Потенцира дека, сепак, може да бидеме задоволни имајќи предвид дека европските земји имаат раст од 0,5 отсто, 0,7 отсто, еден…
Бруто домашниот производ во третиот квартал годинава бележи раст од 3,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал од МојДДВ, се додава во соопштението, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто е во висина од 186.215.194 денари.
Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор.