Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната средба во Велес со претставниците на Макам–Транс на која се разговараше за претстојната расределба на транспортни дозволи за 2020 година, исткна дека во октомври возачите ќе можат да аплицираат за годишни ЕКМТ дозволи и оти на располагање се 139 базни дозволи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски за време на работната посета на Њујорк имаа директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот
Претставници на централни банки и регулаторни институции на националните финансиските системи од регионот денеска присуствуваат на петиот состанок на Регионалната работна група за финансиска едукација на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје
Отсега извозно-ориентираните компании ќе имаат можност да го добиваат сертификатот за потекло на стоки по електронски пат со што ќе заштедат време и средства
Со тренд на зголемување на бројот на туристи и на ноќевања и со најава за отворање на нови туристички капацитети денеска е одбележан Светскиот ден на туризмот
Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика
Рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 се одвива со одлична динамика, оцениле министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, Кун Давидсе на нивната прва официјална средба што се одржа во Њујорк
Во оваа алијанса досега се зачленети 36 земји, од кои 27 земји се членки на ЕУ и 294 засегнати страни. Од земјите на Западен Балкан вклучени се сите пет кандидатки членки – Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.
Триесет милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на домаќинствата кои сакаат да купат печки на пелети. Годинава, првпат половина од вкупната сума, односно 15 милиони денари се предвидени за субвенционирање на ранливите категории на граѓани.
Размената на националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, заемно признавање лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фитоконтролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток.