Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра односно 33,8 %.
Шпекулативните тврдења поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи. Јавноста треба да биде спокојна – денарот останува стабилен, истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 годинаспоред која 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3 686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра.
Владата даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите и се намалува надоместокот за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби
Мерката ослободување од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули, објави министерката за финансии на својот профил на Фејсбук
Како што соопшти кабинетот на Царовска, станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, што се однесува на поттикнување на претриемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс.
За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Како што информираат денеска од Македонската берза, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.