Во периодот јануари ‒ март годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 178 318 000 денари, што е за 24,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година
Во март годинава се издадени 219 одобренија за градење, за 20,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2020 година е намалено за 6,5 отсто во споредба со истиот период лани
Прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи намалување од 21,1 осто, објави Државниот завод за статистика
Националната федерација на фармери (НФФ) соопшти дека бара во пакетот економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците и земјоделството, бидејќи овој сектор е исклучително значаен за обезбедување стабилна економија, посебно во делот на обезбедување на храната во оваа тешка ситуација во државаав предизвикана од коронавирусот
Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2029 година
Во првото тримесечје од 2020 година во земјава се откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од 4,29 милијарди денари што е за 2,9 отсто помалку во споредба со истиот период лани
ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на КОВИД – 19, посочуваат од компанијата во извештајот за финансиските резултати за првиот квартал од 2020 година
Иницијативата Womenpreneurs Stories и асоцијацијата Стартап Македонија, заедно со тимот од ЦЕЕД Хаб Skopje, го организираат петдневниот буткамп за жени претприемачи, првпат за сите 11 балкански земји. Буткампот е бесплатен и ќе почне во последната недела од мај
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) апелира до потрошувачите да продолжат да ги користат новите дигитални услуги од енергетските компании, но и од комуналните претпријатија се додека е на сила вонредната состојба, но и во периодот до враќање во нормала