Собранието на акционери на Охридска банка усвои Одлука за докапитализација на Охридска банка во износ од десет милиони евра
Министерката за финансии Нина Ангеловска оствари онлајн средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз со која разговараше за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од КОВИД -19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество
За прв пат по 23 години е извезено свежо разладено јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупено од домашни одгледувачи на овци кои со авионски карго транспорт вчера доцна попладне се извезени во Јордан
Компанијата „Макпетрол“ реагира на измените на Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати особено на делот што се однесува на густините на дериватите.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика
Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се пониски за 25,3 отсто на месечно ниво и за 33,7 отсто на годишно ниво
Со такси лани се превезени 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот се превезени 5.102.000 патници
Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
„Охридска банка“ соопшти дека нејзините акционери одобриле план за зголемување на акционерскиот капитал за 315 милиони денари (5,1 милиони евра), со цел подобрување на капиталната позиција на банката
За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи