На седницата, како што денеска информира Народна банка, биле анализирани досега преземените мерки за одржување на финансиската стабилност, како и остварените и очекуваните резултати.
Изминатите 20 години македонските власти успеале да ги намалат работничките права вкупно 60 пати, покажуваат анализите на професорот по трудово право на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Андон Мајхошев
Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90-те милиони евра за поддршка на земјава за спречување на корона вирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата
Стопанската комора на Македонија ги оцени како добри измените на економските мерки, но смета дека остануваат отворени важни прашања за идниот период по кризата.
Оттаму посочуваат дека континуирано сериозно укажувале и барале итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби, но за жал, додаваат, одговорните државни органи не преземаа доволно сериозни мерки за излез од оваа ситуација.
Се работи за добро осмислени промени во мерката за субвенционирање на плати во стопанството кои ќе дадат бенефит и за работниците и за работодавачите, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска
Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, во март годинава во споредба со март во лани, е забележан раст на промет номинално за 3.5, а реално за 1.8 отсто, соопшти Државниот заво за статистика
Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика
Начинот на кој е (ре)дизајнирана вчера презентираната Уредба за користење на мерката за финансиска поддршка на компаниите отвора простор за нејзина компромитација, во насока на максимизирање на отпуштањето на вработените според дадените максимални лимити на мерката, укажува Finance Think
Индустриското производство во март годинава е намалено за 13,4 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а за периодот јануари − март 2020 година е помало за 3,7 отсто во однос на истиот период лани