„Макпетрол“ АД изрази поддршка на одлуката на Владата за зголемување на нафтените деривати како една од пакетот антикризни мерки за стабилизирање на буџетот на државата.
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19
Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал годинава останува солиден. Податоците на Народната банка покажуваат годишна стапка на раст на депозтитите од 8,3 отсто, а на кредити е 5,8 отсто
Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206 денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика
Целосно запирање на производството во април очекуваат 23 проценти од компаниите, а сите останати предвидуваат намалување на производството до 50 отсто
Работниците на фабриката за производство на предиво и волница „Тетекс Јарн Лимитед Втор“ остварија средба со раководството на фирмата откако денеска по вторпат одржаа протест барајќи исплата на платите за февруари и март
Тутунопроизводителите денеска ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно утврдениот распоред по азбучен ред според првата буква од презимето
Не се очекува пораст на стапката на инфлација, очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
Сите тутунари кои имат платежни картички и кои имаат потреба да подигнат готовина ќе можат тоа да го направат на банкоматите од денеска од 16 до 23 часот без разлика што е полициски час, бидејќи за овие лица ќе биде дозволено движењето исклучиво за оваа намена