„Жито маркети“ како општествено одговорна компанија донираше 1.000.000 денари на Министерството за здравство.
Ова го предвидуваат измените на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, што ги донесе Владата вчера на седница
Тој при денешната посета на Струмичкиот регион појасни дека македонскиот земјоделец е оној којшто треба да ја прехрани нацијата, и затоа треба да му се помогне во оваа ситуација. Според него, не е време ниту за политика ниту за политиканство, едноставно треба да се носат правилни мерки.
Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии на Фејсбук.
Владата да овозможи флексибилност, мал процент на отстапување за обврската компаниите да го задржат бројот на вработени до септември годинава, при користењето некоја од погодностите предвидени со мерките за помош, апелира Стопанската комора на Македонија.
Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијанетоод коронакризата.
Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми што се погодени од коронакризата, како и на самостојните вршители на дејност, аплицирањето е лесно, условите едноствани, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на емисијата „Економски магазин“.
Светска банка во најновиот извештај за земјава наведува дека краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година и дека ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавните политики за одржливо забрзување на економскиот раст
Увозните давачки во март во просек бележат намалување за 10 проценти во споредба со минатата година, поради кризата, намалената потрошувачка на акцизна стока, но и намалената цена на нафтените деривати
Синдикатот на работниците од градежништвото, индустријата и проектитањето заедно со Македонското здружение за заштита при работа изработи „Водилка за безбедност и здравје при работа во градежништвото за превенција од коронавирусот“