Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС донесе заклучок да упати неколку барања до Владата. Овие барања, како што наведуваат, произлегуваат од проблемите што се создадени со отказите на многу работници.
Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, AssecoSEEMK успешно го имплементираше својот продукт „Asseco Live“, во контакт центарот на Влада на Република Македонија
Развојна банка на Македонија денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги презентира избраните решенија на јавниот повик КРЕАТОН, кој е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ и МАСИТ
МБА потенцира дека сите банки и штедилници интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на своите клиенти.
На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни минимум 32.941 денар за да ги задоволи основните потреби.
Несомнено, во овие услови дигиталните алатки ќе ја доживеат својата експанзија и не само поради социјализацијата што ја овозможуваат, туку и поради сите останати погодности кои ги нудат, а се однесуваат на извршување на секојдневните обврски.
Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека далечинското учење е задолжително, но какао што рече, не сите деца ја имаат таа можност за да ги уживаат тие придобивки.
Брзиот, навремен и квалитетен проток на информации е клучен за компаниите во кризнава ситуација и во тој котнекст го поздравуваме почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од коронавирусот
Оттаму истакнуваат дека вработените во градежните компании кои изведуваат градежни активности, мора да се придржуваат до препораките од Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес.