Поранешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ во гостување на Телевизија Телма истакна дека највисоката плата во државава е 250 илјади месечно,а има и 250 лица кои земаат плата над 10.000 евра.
Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во Министерствтото за финасии, Бранимир Јовановиќ.
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска на својот фејсбук профил обвини дека Владата, наместо да им помогне на земјоделците, одржува празни прес-конференции, без да даде конкретни решенија.
Ова е понудата на Комерцијална банка за промена на договорните услови на кредитните производи со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.
На владина седница е усвоена одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) предлага да се намалат платите на сите именувани и избрани лица во државата и да сопре исплатата на надоместок за учество во надзорни и управни одбори наместо да се кратат платите на вработените во јавната администрација
Затворени уште 22 угостителски објекта, неосновано покачени цени, укажувања за работодавачи
Стопанската комора на Македонија апелира, не само до своите членки, туку и до сите други компании, во рамки на своите можности да и помогнат на пошироката заедница за полесно и заеднички да ја преброди состојбата предизвикана од коронавирусот
Европската Комисија најави дека се ослободуваат веднаш 38 милиони евра помош за Западниот Балкан за справување со здравствената криза и реалокација на 374 милиони евра за помош во справување со социо-економските последици
Во текот на минатата година во земјава имало 75914 активни деловни субјекти, што според објавените податоци на Државниот завод за статистика, тој број бележи раст во однос на претходната година од пет отсто