Министерството за правда водејќи се од начелата на социјална правда и правичност до крајот на неделата ќе излезе со предлози на закони коишто ќе бидат од огромен бенефит за граѓаните.
Во однос на 2016 година, забележан е пораст на бројот на претпријатијата под странска контрола за 7,6 проценти, на вработените за 16,7 проценти, прометот за 15,9 процџенти, а на додадената вредност за 7,9 проценти.
Во исто време, додаваат, работиме за да се изнајде долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.
Банкарскиот систем во третиот квартал годинава ја задржа стабилноста. Депозитите одбележаа солиден раст, но и кредитите одобрени на домаќинствата продолжија да растат
Активно учество во реализацијата на проектот досега зеле 11 банки, а моментно најмногу од недвижностите наменети за продажба се од страна на Комерцијална банка ад Скопје.
Продажбата на услуги во третото тримесечје од годинава бележи пораст од 2,9 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во октомври годинава во земјава вкупно се потрошени 570.138 мегават часови електрична енергија, 20,245 милиони нормални кубни метри гас, 430.426 тони јаглен и 96.232 тони нафтени продукти.
Цената на парафискалните давачки се движи од 50 денари до 18 милиони денари, а најголем товар за компаниите претставуваат парафискалните давачки по основ на лиценци, дозволи и одобренија, но и за издавање на различни документи
Јавниот долг во третиот квартал годинава е на ниво од 47,7 проценти или 1,1 процентен поен на пониско ниво во однос на 2016 година, соопшти денеска Министерството за финансии, истовремено демантирајќи ги тврдењата изнесени од дел од медиумите дека јавниот долг во третиот квартал изнесува 48,6 проценти
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска беше промовиран новиот јавен повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ – СтартАПувај2”, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)