Центарот за граѓански комуникации денеска ја објави„Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија“.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566 субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“
Дебата на тема „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за граѓански организации
Како централна банка ги следиме економските изгледи на сите клучни трговски партнери на нашата економија. Оцените за случувањата во германската економија, како и воопшто оцените за надворешното окружување, веќе се вградени во нашето макроекономско сценарио.
Од Еуромакс ресурси по одлуката на Владата еднострано да го раскине договорот за концесија со оваа компанија за рудникот Иловица денеска порачаа дека имаат на располагање повеќе билатерални договори за заштита на инвеститорите за да ја одбранат својата позиција и да бараат отштета и други заштитни мерки против нашата држава
Договор за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска во Владата потпишаа министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и Карел Јалови, сопственикот и извршен директор на чешката компанија „Локо транс“ од Брно
Не би можеле да зборуваме за никаква отштета бидејќи ако Владата го раскинала договорот цени дека имала право на тоа, така што не планира да плаќа обештететување ако имала право
Во текот на месец декември, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани луксузен часовник, облека, обувки, цигари, компјутери, печатар, странски регистарски таблички, фалсификати и друго.
Зборникот содржи трудови од еминентни автори од европската централнобанкарска заедница и од меѓународните финансиски институции и организации
Наместо 25 дена колку што е законскиот рок за градежна дозвола од општините се чека 220 денови, истакна Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија на денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески