Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија
Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари, што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници во јануари 2018 година и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.
Увозните цени на горивата во октомври годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и за 15,7 отсто на годишно ниво.
Со промоција на бањски, алтернативен и вински туризам земјава во наредниот период ќе се обиде да привлече што повеќе странски гости. Предвидена е изградба на најмалку две до три велосипедски патеки со сите стандарди, отворање на најмалку една пештера за туристи и воспоставување нови вински патишта во Гевгелиско-валандовскиот, Велешкиот, Штипско-радовишкиот, Кратовскиот, Кумановскиот и Охридско-струшкиот регион.
Деловните заедници се оние кои треба да ги решат трговските марки согласно Договорот од Преспа. Меѓународната група на експерти е тука за да им помага и да им дава насоки, односно да кажува дали излегуваат или се во рамки на меѓународното право и на правата од оваа област на двете држави.
Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“, кое денеска требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата.
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блокада на улицата пред компанијата денеска ги продолжија протестите изразувајќи незадоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат протест во Скопје.
Во октомври годинава се издадени 308 одобренија за градење, за 11,6 проценти повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана.
Македонија е земја што не излегува на море, сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа.