Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на емисијата Детектор спроведе телефонска анкета во периодот од 25 до 29 октомври на репрезентативен примерок од 1101 испитаници.
Дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство, е едно од главните прашања на стопанствениците кое беше поставено пред претставници на ресорното министерство и Агенцијата за вработување
Македонскиот и бугарскиот текстилен Кластер денеска во Штип најавија дека соработката ја продолжуваат со реализација на четвртиот проект, кој е финансиран од европските фондови
Пчеларите се борат со пореметените климатски услови за да се создадат мед, а проблем им е и повисокиот данок кој треба да го платат за разлика од другите земјоделци, порачаа производителите од Тетово каде се собраа на доделување на награди за квалитет на мед
Еден од предизвиците за нашата земја е зголемување на продуктивноста. Затоа зборуваме за инвестирање во човечки капитал, односно колку сме вложиле во надградување на луѓето, колку сме го искористиле нивниот целосен потенцијал на работните места и во општеството воопшто.
Стопанствениците изнесоа податоци дека оваа година во Хрватска имало ангажирано голем број работници од трети земји, а во некои земји од регионот имало формирано компании кои посредувале за ангажирање на странска работна сила.
Голем е бројот на компании од двете држави заинтересирани за соработка и инвестиции, што е впрочем и целта на Протоколот на меѓувладината Комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што денеска во Охрид го парафираа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и рускиот заменик-министер за индустрија и трговија, Алексеј Груздев.
Прометот во индустријата, вкупно, во септември годинава е намален за 0,9 отсто во однос на ланскиот септември, а е зголемен за 17,4 отсто во споредба со претходниот месец, додека во првите девет месеци од годинава има раст од 7,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година
Во периодот јануари-септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4.006.451.000 денари, што е за 249,1 проценти повеќе во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 4,7 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8,9 отсто.