Македонската економија годинава ќе порасне за 3,5 отсто, а наредната за 3,8 проценти, се најновите проекции на Народната банка што денеска ги соопшти гувернерката Анита Ангеловска Бежоска
Како што најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски, на лозарите ќе им бидат префрлени по два денара за килограм грозје, а не по еден денар како лани
Европската банка за обнова и развој ги ревидира проекциите за растот на македонската економија за оваа и за наредната година на 3,2 отсто, наместо претходно очекуваните три проценти
Показателите за новитепроекции ќе ги презентира гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.
Додаде дека е убеден преку мерките кои ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на пазарите.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува сите корисници на социјална помош да отидат кај Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН хоум и да поднесат барање за да бидат евидентирани како ранлива категорија на потрошувачи за да можат да ги користат придобивките од новите правила за снабдување со електрична енергија што се предвидени за таа категорија на потрошувачи
Целосното реализирање на изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид вклучува финансирање на непредвидени и дополнителни градежни работи
Донесена е одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за наредната година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која треба да се одржи идната недела.
Охридска банка информира дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.
Во услови кога надоврешната температура во текот на денот е околу 23 степени Целзиусови не гледам логика во вечерните часови да работат топланите, бидејќи на тој начин само се троши гориво