Се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат на сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година
Во следните 30 дена сите возачи што сакаат да стават плински уреди во своите автомобили, ќе може да аплицираат за субвенции во Министерството за економија. Рокот за поднесување барања почна вчера, а процедурата, како што објасни денеска ресорниот министер Крешник Бектеши, е многу едноставна.
Министерот за економија Крешник Бектеши ја поддржува одлуката на Министерството за финансии со која, како што беше соопштено вчера, за три години се пролонгира воведувањето на прогресивното оданочување
Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена од земји каде што даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска Претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип
Греењето со огревни дрва сè уште е економски најисплатливо, а греењето со електрична енергија е еколошки најприфатливо, велат експертите
Во 2019 година проценуваме дека ќе имаме 3 до 5 проценти зголемување на бројот на туристите и од 5 до 7 проценти пораст на ноќевањата, а очекуваме годинава да имаме околу 1,3 милиони туристи, информираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој присуствуваше на промоцијата на брендот „Струмица-Ѕвезда под небото“
Знаете дека темата за прагот стана актуелна откако во јавноста претставници на владата, уште пред таа да биде формирана гласно зборуваа дека прагот за ДДВ треба да се зголеми.
Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Министерството за финансии за одложување на примената на Законот за данок на личен доход, како позитивен пример за земање предвид на барањата на бизнис заедницата.
Прогресивното оданочување се става во мирување во следните 36 месеци, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата