Бројот на работниците во индустријата во септември годинава во однос на септември лани е намален за 1,6 проценти, а во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Апсурдни и непромислени се изјавите и барањата на Кластерот за текстил за враќање на нормираниот учинок, за зголемувањето на работното време и за кратење на празниците, оцени денеска Кристина Ампева од граѓанското здружение „Гласен Текстилец“ од Штип.
Пратениците на денешната 119-та седница со 55 гласови „за“, седум „воздржани“ и еден „против“, ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за акцизи по скратена постапка
Банкарскиот систем и натаму ја одржува својата стабилност, a неговата отпорност на шокови бележи подобрување
Сојузот на синдикати на Македонија денеска реагираше на изјавите на Кластерот за текстил за зголемување на осумчасовното работно време.
Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, недозволиви се барањата на сопствениците на текстилните фабрики за продолжување на работното време, укинување на празници, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и закани за штрајк.
Од фирмите со електронска продажба нарачки преку компјутерски мрежи годинава примиле 3,6 проценти, а 3,4 проценти имале нарачка на стоки и услуги преку веб продажба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штериева, македонските банки многу одговорно и совесно ги чуваат средствата на штедачите, прудентно кредитираат и се грижат за интересите на своите клиенти.
Во септември годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, која забележа месечен пад од 0,04 процентни поени и се сведе на ниво од 5,09 проценти
Домаќинства почнаа да купуваат струја на слободниот пазар. Станува збор за фирми сместени во станови, но се уште нема податоци колку се и колкави се нивните трошоци, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.