До крајот на годинава и официјално треба да профункционираат првите три канцеларии за економска промоција на земјава: во Турција, Германија и САД. За почеток, во нив ќе работат по две лица, еден раководител и негов заменик, а фокусот ќе им биде презентација на слободните економски зони и привлекување компании од областа на индустријата.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2019 година во однос на периодот јануари – март 2018 година е зголемен за 0,4 отсто, но за 0,8 отсто е намален бројот во март годинава во однос на март 2018.
Индустриското производство во март годинава бележи раст од 7,5 проценти во однос на истиот месец лани, додека во периодот јануари – март 2019 година во однос на јануари – март 2018 е зголемено за 8,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во март годинава бележи минимално намалување од 0,01 процентни поени и изнесува 6,01 отсто.
Пред 26 години во земјава првпат беа пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10, 20, 50, 100 и 500 денари.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Сериозен проблем ќе биде ако претставници на приватниот сектор не бидат консултирани при носењето на подзаконската регулатива за јавните набавки што се очекува до крајот на септември годинава, смета претседателот на Сојузот на топански комори (ССК), Данела Арсовска.
Валентина Дисоска од Асоцијацијата на бизнис-жени смета дека за да се одговори на овие предизвици е потребно да се креира поволен деловен амбиент преку координација во креирање и спроведување политики за развој на женското претприемаштво, анализа на регулативата што влијае на претприемачката активност на жените, како и креирање статистика за следење на деловната активност на жените
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување државно земјоделско земјиште под закуп, што ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на Република Македонија и на локалните избори за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село
Во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017.