Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари.
Ги мотивираме жените да отвораат бизниси и да ги развиваат средините во кои живеат, рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, кој нагласи дека се бележи тренд на пораст на искористеност на средства од страна на жените и тоа во сите програми
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Виена, каде што ќе има работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании
Бислимоски денеска информираше дека е во завршна фаза усвојувањето на новите цени за приклучоците.
АД Електрани на Македонија денеска на официјалниот почеток на грејната сезона во Скопје го промовира новиот енергетски капацитет – когенеративната гасна електрана КОГЕЛ што ќе работи во рамките на подружницата „Енергетика“, сместена во кругот на поранешната скопска железарница, од која со топлинска енергија се снабдуваат корисниците од населбата Автокоманда
На тема „Дигитализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината! Европските искуства во Македонија“, денес А1 Македонија беше домаќин на А1 Дигитална конференција 2019, на која бизнис-заедницата имаше можност да ги слушне најновите трендови во дигиталната индустрија и понудата на А1 во дигитални и ИКТ-решенија
Градски енергетски системи (ГЕС) вчера поднесе барање за лиценца за дистрибуција со топлинска енергија до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со што и официјално почнува постапката.
Министерството за економија во текот на вчерашниот ден го објави списокот со имињата на добитниците на субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци кои што аплицираа за добивање на околу 25.000 денари државна помош.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија мигранти и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани девизи, автоделови, облека, кујнски ножеви и фалсификати
Министерството за финансии креираше онлајн-платформа преку која стопанските комори, фирмите и други правни субјекти и организации ќе можат да даваат предлози за решавање проблеми со кои се соочуваат, а се во надлежност на Министерството.