Македонија е рангирана на 82-то место од 140 држави во светот според најновиот извештај за Глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум
Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, на кои сите заинтересирани лица преку индивидуален разговор може да добијат информации во врска со германското и македонско пензиско право
Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог – законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор
Во насока на остварување на стратешките цели на Владата за заштита на животната средина, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила
На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“
Пратениците денеска трет ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година
За ВМРО-ДПМНЕ, релабансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Критики упатија дека се зголемува јавниот долг и оти се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина.
Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, официјално, по петти пат беа доделени Наградите за социјално претприемништво (Social Impact Award 2019) наменети за студенти и млади од Република Македонија.
Во Белград денеска се одржа Четвртата конференција на Кина и 17 држави од Централна и Источна Европа за соработка на полето на иновациите, на која Македонија ја преставуваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
Награда за социјално претприемништво во земјава денеска добија најдобрите млади претприемачи преку едногодишната програма „Social impact award".