Земјоделски реформи во производството на индустриски култури и промени во модернизацијата и повисок квалитет во млекопроизводството се главните аспирации на Министерството за земјоделство, на експертите и на проектите од ЕУ и УНДП во пресрет на членството во Европската Унија
Eдна милијарда евра годишно, толкава би била финансиската придобивка за државата од одгледувањето медицински канабис
Осигурителниот пазар во првите шест месеци од годинава бележи раст, а остварената добивка пред оданочување изнесува 113,1 милиони денари. Агенцијата оценува дека пазарот е функционален, за што признание е тоа што на домашниот пазар се присутни осигурителни групации со голема традиција
Оваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на САД и поместувањата на глобалната геополитичка мапа
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната средба во Велес со претставниците на Макам–Транс на која се разговараше за претстојната расределба на транспортни дозволи за 2020 година, исткна дека во октомври возачите ќе можат да аплицираат за годишни ЕКМТ дозволи и оти на располагање се 139 базни дозволи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски за време на работната посета на Њујорк имаа директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот
Претставници на централни банки и регулаторни институции на националните финансиските системи од регионот денеска присуствуваат на петиот состанок на Регионалната работна група за финансиска едукација на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје
Отсега извозно-ориентираните компании ќе имаат можност да го добиваат сертификатот за потекло на стоки по електронски пат со што ќе заштедат време и средства
Со тренд на зголемување на бројот на туристи и на ноќевања и со најава за отворање на нови туристички капацитети денеска е одбележан Светскиот ден на туризмот
Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика