Рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 се одвива со одлична динамика, оцениле министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, Кун Давидсе на нивната прва официјална средба што се одржа во Њујорк
Во оваа алијанса досега се зачленети 36 земји, од кои 27 земји се членки на ЕУ и 294 засегнати страни. Од земјите на Западен Балкан вклучени се сите пет кандидатки членки – Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.
Триесет милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на домаќинствата кои сакаат да купат печки на пелети. Годинава, првпат половина од вкупната сума, односно 15 милиони денари се предвидени за субвенционирање на ранливите категории на граѓани.
Размената на националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, заемно признавање лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фитоконтролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток.
Триесет милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на домаќинства кои сакаат да купат печки на пелети
Во Република Македонија е вистински момент да стартува организираниот пазар на принципот „тргување ден однапред“ или популарниот „деј ахед“. Низ годините е создаден солиден квантум на материјал за тргување и има искусни учесници на пазарот.
Вредноста на јавните набавки на општините во минатата година изнесува 97 милиони евра, што е за 17 милиони евра, односно за 21 процент повеќе од 2017 година, покажува Базата на податоци за општинските тендери за 2018 година, што ја објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Прогнози и очекувања за развојот на македонскиот пазар на електрична енергија, негова интеграција во регионалниот пазар, новите трендови во Југоисточна Европа, искуствата на земјите од регионот во развојот и интеграцијата на пазарите на електрична енергија, се темите на меѓународниот семинар што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Енергетика.НЕТ“ од Словенија
Загрозената животна средина и економските кризи како најголемите закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот, трет Глобален бизнис форум „Блумберг“, што се одржа за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, а на кој учествуваа премиерот Зоран Заев и министрите за здравство Венко Филипче и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Во јули годинава во државава биле потрошени 552.516 мегаватчасови електрична енергија, 36.567 милиони нормални кубни метри природен гас, 435.021 тони јаглен и 105.420 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика