Светска банка со заем од 125 милиони евра ќе и помогне на државава да ја зајакне одржливоста на јавните финансии и да ја подобри конкретноста на пазарот. Заемот е одобрен денеска од страна на Бордот на извршни директори на Светската банка
Поттикнување интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување со организирање специјални обуки е една од целите на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“ што го спроведува Здружението за локална демократија „Центар на заедницата на општина Струмица“
Во Министерството за финансии денеска ќе бидат потпишани договорите за финасирање на изградбата на електронскиот систем за наплата на патарини долж Коридорот 8 и на автопатот Миладиновци – Штип
Поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување и повисоки стапки на економски раст најавува новата министерка за финансии Нина Ангеловска со ребалансот на Буџетот кој веќе е во собраниска процедура
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе ја презентира предлог-програмата Фонд за млади умови „Анализа на потреби и понатамошни чекори“
Во Собранието почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет, каде расправата согласно деловникот трае до 10 дена
Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.
Александра Чакаревска од МАСИТ изјави дека претставници на четирите комори ќе дадат свои предлози за овие прашања и за регулативата, со особен акцент на либерализација на законот за работни односи за вработените во ИТ секторот.
Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година, соопшти денеска Европската Комисија.
Во рамки на својата прва посета на Пивара Скопје, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз се запозна со процесот и долгата традиција на производство на пиво, а беше и во обиколка на постројката која два пати го доби признанието дека ги произведува најдобритеCoca-Cola пијалаци на светот.