„Виз ер“ ја прекинува продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија.
Општините ќе можат да аплицираат за 6,5 милиони евра за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги. Јавниот повик ќе биде објавен во септември, а општините треба да подготват предлог-проекти со кои ќе аплицираат.
До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса. Секој потрошен денар ќе биде објавен, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.
Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за штедењето со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност.
Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.
Минимална заштитна цена за грозјето рамна на производствената, која изнесува 16 денари за килограм “смедеревка” и 17 за “вранец”. Ова е само едно од барањата на лозарите кои синоќа остварија средба во Неготино, во организација на Националната Федерација на фармери на Македонија.
Тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи, на кој разговараа за состојбата со откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни годинава останаа непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 1,0 отсто на годишно ниво.
Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани.
Групата држави против корупцијата, ГРЕКО, тело на Советот на Европа, во вчера објавениот извештај порача дека борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка.