Како држава, додаде, ние имаме свои аргументи, но има и компанијата поради што не сакам да навлегувам во детали
Реализираните приходи во државниот буџет во 2018 година се за 8,8 милијарди денари повисоки во однос на претходната 2017 година или за 5% повисоки, додека буџетскиот дефицит е помал од проектираниот и изнесува 1,8% од БДП, рече на комисиската расправа во Собранието за Завршната сметка, заменик министерката за финансии Ширет Елези
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 5 до 11 јули, спроведоа вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна во туристичките центри Дојран, Охрид и Струга
Продажните цени во градежништвото се очекува да се зголемат во наредниот период, навеле раководителите на градежните фирми во оценката за деловните состојби во секторот, што ја објави денеска Државниот завод за статистика
Турската компанија „Балканлар пластик“ денеска почна со изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1, каде планира да инвестира 7,5 милиони евра и да отвори на почетокот 80, а подоцна 306 работни места
А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) од 22 милиони евра, што претставува раст од 9,4 отсто во споредба со истиот период лани
Неиздавање фискални сметки и неможност за нивно скенирање, се најчестите неправилности кои граѓаните ги пријавиле досега на дежурниот број 198 во УЈП во врска со спроведувањето на мерката МојДДВ односно повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ
Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците, се стабилизира по ланските лоши резултати и може да се очекува да испорача подобри резултати следната година
На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а веќе од оваа недела се пуштени во продажба 50 карти по специјална „Super Early Bird“ цена од 59 евра, кои ќе се продаваат до 30.07. или до потрошување на залихите
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 14,4 проценти и неизвесното економско опкружување со 11,9 проценти