Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkans Investment Framework – WBIF) кој ќе се користи за изградба и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.
На Западен Балкан ќе му требаат 50 години да го достигне просечниот стандард на Европската унија. Со сегашните просечни стапки на раст во економиите на државите од Западен Балкан стандардот би се зголемил двојно за над 20 години.
Намалувањето на основната каматна стапка од страна на Народната банка на Република Македонија, заедно со забрзување на проектите од страна на државата според министерот за финансии Драган Тевдовски ќе придонесе кон развдижување на економијата и остварување на проектираните стапки
Со инвестиција од 21 милиони евра ќе се заокружи проектот ветерен парк Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени шест ветерни турбини со инсталирана моќност од 13,8 мегавати, а ќе почнат со производство за најмногу 24 месеци.
Од денеска почнува аплицирањето за субвенции за сите субјекти кои произвеле или продале риба од сопствено производство на пазарите. Апликациите може да се поднесуваат до 27 овој месец, а оние барања кои ќе бидат доставени по тој рок, нема да бидат разгледани.
Фабриката „Гепластик“ од Гевгелија е лидер во производство на пластични гајби во Република Македонија. Нејзините 25 вработени лица годишно произведуваат од 400 до 500 тони пластична амбалажа за алкохолни и безалкохолни пијалоци за потребите на големите брендови како Хајнекен, Амстел, Скопско, Пелистерка,Тиквеш и уште многу други, изјави Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер во фирмата.
„Предизвиците на регионалната економска соработка“ е темата на денешната дебата што ја организира Стопанската комора на Македонија како дел од серијата трибини со бизнис-заедницата.
Регинална конференција за состојбите во јавните набавки: Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Балкан тендер воч“, коалиција на граѓански организации од државите на Западен Балкан.
Стопанската Комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира Каталогот „ТОП 100″.
Комисијата за спроведување на постапката за избор на Универзален снабдувач со која претседава академикот Глигор Каневче, денеска, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15:00 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.