Изменетата државна каса викендот доби поддршка од пратениците.По тридневна расправа дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот со 53 гласа „за“ беше прифатен од Собранието на Република Македонија, а неделава до нив ќе стигне и новиот предлог за буџетот за 2019 година.
Собранието на РМ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2018 година. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на Ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.
Вчера на третиот ден од конгрес на АЛДЕ, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ се обрати на панелот ,,Градење на агенда за одржлив раст,,. Со панелот претседаваше министерот за животна средина на Кралството Норвешка Ола Елвестуен.
Компаниите снабдувачи со електрична енергија најдоцна до 3 декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија што го распиша Владата во септември, согласно новиот Закон за енергетика, што треба да се реализира до крајот на годинава.
Собраниската комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја заврши расправата по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање што започна во петокот.
Собраниската комисија за финасирање и буџет ја заврши денешната расправа по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање. Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.
Со верификацијата на мострите тутун и со определувањето на повереници на откупните пунктови и на вагите, привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта. Останува деновиве Државниот земјоделски инспекторат, кој е веќе на теренот, да ги провери условите за откуп на пункотвите во земјава.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, во второ читање.
Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската расправа за ребалансот на буџетот кажа дека надолната корекција на проекцијата на БДП од 3,2 на 2,8 е само резултат на незнаењето и неработењето на Владата.
Кузмановска оцени дека е катастрофална економската политика што ја води СДСМ. Зголемени се, рече, јавниот и државниот долг, а во однос на ребалансот, решението за поддршка на општините не е добро.