Министрите на денешната 86-та седница на Владата на Република Македонија ја утврдија потребата за изработка на нов Закон за стратешки инвестиции во Република Македонија.
Фондовите на Европската унија им се достапни на сите во земјава, особено за локалниот економски и граѓански развој, беше посочено на денешната работилница во просториите на општина Прилеп на која раководителот на секторот за соработка со делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини им објасни на прилепските стопанственици и на граѓанскиот сектор како успешно да се реализираат проекти и да се стигне до средствата од ЕУ-фондовите.
По верификацијата на Договорот што го потпишаа Македонија и Грција, грчките производители ќе имаат рок од три години да одлучат дали своите производи ќе ги декларираат како „Мејд ин Маседониа“ или на нив ќе стои „Мејд ин Грис“.
По првпат во Македонија денеска се потпишани договори за финансиска поддршка за отворање на три бизнис- акцелератори за млади.
Да се обнови меморандумот за соработка меѓу платежните агенции на Македонија и Бугарија, побара денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски од бугарскиот министер за земјоделство Румен Порожанов.
Македонските компании да ја зграпчат новата шанса и мудро, ефективно и иновативно да ги искористат потпишаните договори со Грција и Бугарија. Досегашните опструкции и пречки за максимална бизнис соработка со овие два соседа се отстранети, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Четирите компании кои се изјаснија дека во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на потесното семејство, се изземени од сегашниот процес на потпишување на договорите, објави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
За килограм боровинки набрани од планината Кожуф се плаќаат до 150 денари. Стартуваше бербата на шумските плодови во кавадаречкиот дел на Поткожувјето.
Вкупната размена со странство за периодот јануари - јули годинава изнесува 9.102.394.000 американски долари при што бележи пораст од 24,3 проценти. Вредноста на увозот, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.195.729.000 американски долари и има раст од 23,3 проценти, а вредноста на извозот е 3.906.666.000 американски долари и бележи раст од 25,7 проценти.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска - Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.