Државата, според градежните инженери, треба да инвестира во врвна современа лабораторија за контрола на квалитет на Градежниот факултет во Скопје
Добрите вести доаѓаат во серија. Економските параметри се одлични. Растот на БДП од 4,1 отсто објавен денеска е силен показател за исправноста на сите политики и програми што ги реализираме
Капиталните инвестиции одлично се реализираат, рече министерот Горан Сугарески денеска во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање околу реализацијата на капиталните инвестиции.
Растот на БДП во првиот квартал од годинава што денеска го објави Државниот завод за статистика, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се темели на реалните состојби во економската сфера
Преку мерката Субвенционирање плати што претставува финансиска поддршка за креирање нови работни места вработени се 922 лица во 717 фирми, а од нив 516 се млади лица до 29 години, соопшти денеска Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија АВРСМ.
Конфедерацијата на слободни синдикати за утре попладне најавува протест пред Владата барајќи исполнување на нивните барања за усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.
Ниедна патарина нема да поскапи, туку ќе поевтини. Ова го изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, во Кавадарци, запрашан да ги коментира стравувањата на граѓаните од зголемени патарини.
Националниот Фонд за иновации и технолошки развој заедно со Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид денеска го презентираа Иновативниот камп за поддршка на иновативните идеи и проекти, како и отворениот конкурс за аплицирање од новоосновани „старт-ап“ и „старт-оф“ претпријатија во Југозападниот регион.
Јазот меѓу понудата и побарувачката на работна сила во земјава се уште е голем. Бизнисот се соочува со недостиг и на стручни и на нестручни кадри.
Трошоците на живот во мај годинава се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 0,4 проценти во споредба со април, објави денеска Државниот завод за статистика.