Државниот завод за статистика објави дека растот на БДП во првиот квартал годинава е 4,1 отсто.
Се намали стапката на невработеност на 17,8 отсто во првиот квартал од годинава, објави Државниот завод за статистика.
Растот на економијата во првиот квартал од годинава достигна 4,1 отсто. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во орбраќање пред пензинерите на Републичка ревија на песни музика и игри 2019 година.
Американската стопанска комора во Република Северна Македонија (AmCham) организираат трибина на тема „Премостување на јазот меѓу понудата и побарувачката на трудот“.
КСС повикува сите заедно на 08.06.2019 година (сабота) во Скопје со почеток во 11:00 часот, со зборно место пред Порта Македонија да тргнеме до Владата на Република Македонија
Vip продолжува да ја збогатува својата понуда и пред почетокот на летната сезона најавува атрактивна промоција за новите Vip Припејд корисници
Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска учествува на третиот Конгрес на зелена економија (Green Economy Congress – GEC) што од денеска до сабота се одржува во Белград.
Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на тркалезната маса на тема „Обезбедување ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“, што се одржа во вторникот во Кишињев, Молдавија, во рамки на програмата на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ).
Во понеделник ќе биде објавен првиот повик за изградба на фотонапонски електрани на државно земјиште, со инсталирана моќност од 35 мега вати. За изградба се предвидени две локации, Свети Николе – за вкупно 25 мега вати и Македонски Брод – за 10 мегавати.
Во Индексот на политики за мали и средни претпријатија на Европската унија државава бележи напредок во областа на иновациите, поедноставувањето на легислативата, поддршката на услугите и пристапот до финансии. Клучни слабости се нотирани кај небанкарското финансирање, процедурите за лиценци, постапките за стечај и претпримничкото учење и вештини.